Благодарение на пандемијата, побогати се од било кога

Отворен извештај од Унијата на швајцарски банки (UBS)

Заради тоа што сегашната криза ги забрзува нивоата на сиромаштија на целата планета, одредена група милијардери гледаат импрeсивен раст на нивното богатство.

Тоа се најбогатите 2000 луѓе на планетата. Односно 2.189 милијардери (31 повеќе од 2017 година), на крајот на јули годинава имаат вкупно богатство од 10,2 милијарди американски долари. Богатство еквивалентно на онаа што ја имаат задно 4,6 милијарди луѓе во светот.

КОВИД 19, одличен за бизнис 

Дел од оваа елита, особено оние кои активни во технолошкиот, здравствениот и индустрискиот сектор, опортунистички ги искористуваат дополнителните придобивки генерирани за време на кризата. 37-те милијардери кои живеат во мала Швајцарија го истакнуваат овој тренд на забрзано збогатување помеѓу април и јули. Тие го зголемија своето богатство за 29% достигнувајќи 123,5 милијарди швајцарски франци (околу 135.000 милиони долари).

Овие сериозни бројки, кои се надвор од реалноста за просечниот граѓанин, беа објавени на почетокот на октомври преку извештај што заеднички го подготвија Унија на швајцарски банки (UBS), американскотo бизнис списание „Fortune“ и британскиот консалтинг компанија „PricewaterhouseCoopers“ (PwC), една од четирите најголеми во секторот за финансиски и сметководствени совети.

Ова е седма студија промовирана од „UBS“ за имотот на супер богатите. Оној во 2020 година ги анализира богатствата на 2.000 милијардери низ 43 различни пазари, практично најбогатите, или 98% од богатството кое го поседува населението во светот.

Претприемачите во здравствениот сектор во последните месеци забележаа зголемување на нивното богатство до 50%, благодарение на потребите за нови третмани, дијагностички иновации и, особено, истражувањата за КОВИД-19. Сепак, најголемото богатство е концентрирано во технолошките компании со 1,8 трилиони долари.

Според „France24“ Илон Маск, извршен директор на „Tesla“ и „SpaceX“, исто така, имал корист од пандемијата. „Додека го критикуваше социјалното дистанцирање на Твитер, тој го зголеми своето богатство за четири пати, кое порасна од 76 на 103 милијарди долари“, вели францускиот весник.

Според извештајот на „UBS“, технолошките компании биле најпривилегирани во последните месеци. Иако не ги именува имињата, Гала-телевизијата гарантира дека Џеф Безос (Amazon), Марк Цукерберг (Facebook), Џек Ма (Alibaba) и Стив Балмер (ex-CEO of Microsoft) се меѓу најголемите добитници на овој момент. Според заедничкиот извештај на „UBS“ и „PwC“, новата заработка доаѓа скоро целосно од финансиски трансакции. Технолошкиот сектор има корист благодарение на длабоките промени поради здравствената криза и затворањето кое предизвика потреба за користење на нови работни алатки. Успехот на апликациите за видео конференции, како што се „Zoom“ или платформите за онлајн купување, како „Amazon“.

Во април оваа година, списанието „Forbеs“ вклучи седум латиноамериканци во списокот на оние со повеќе од милијарда долари. Меѓу тие седум, Мексиканецот Карлос Слим, најбогатиот на континентот, со средства од 49 милијарди долари; Жозеф Сафра, од Бразил; Ирис Фонтбона, од Чиле; Луис Карлос Сармиенто, од Колумбија; Карлос Родригез, од Перу, и Хуан Карлос Ескотет, од Венецуела. Седмиот на регионалната листата е аргентинскиот бизнисмен Алехандро Булгерони, со богатство од 2,8 милијарди долари.

Двете лица на истата паричка

Богатство и сиромаштија, милијардери и сиромашни, дејствуваат во истата планетарна епрувета и се поврзуваат преку „законот за капиларни појави“. Јазот меѓу најбогатите во светот и остатокот од планетарното општество останува огромен. Како што истакна невладината организација „Oxfam“ во својот извештај минатиот јануари, богатството во тоа време на 2.153 милијардери беше поголемо од сето она што го имаат 4,6 милијарди жители на планетата, односно околу 60% од населението. вкупно.

За педагошки да ја објасни оваа врска на растечка нееднаквост, организацијата пресметува дека 22-те најбогати мажи во светот поседуваат повеќе богатство од сите жени на африканскиот континент. Најбогатиот 1% од Земјата имаат двојно повеќе богатство од останатите 6,9 милијарди луѓе. За да го илустрира ова, меѓународната организација „Oxfam“, која обединува голем број невладини организации (околу 90 земји), објаснува дека ако „секој човек седеше на парите што ги имаше, натрупани во банкноти од 100 долари, повеќето ќе седеа на земја. Личност од средна класа во богата земја би го сторила тоа на стол, додека двете најбогати индивидуи во светот би седеле во вселената.”

Кризата ја зголемува нееднаквоста!

Најновите студии на меѓународните институции од Меѓународната организација на трудот (МОТ) до Економската конференција за Латинска Америка (ECLAC), ја предвидуваат ужасната рамка на постпандемиската, меѓународна и регионална ситуација. Светска банка, од своја страна, во студија од почетокот на октомври заклучува дека, поради сегашната криза, помеѓу 88 и 115 милиони луѓе во 2020 година ќе живеат со помалку од 1,9 долари дневно, бројки што доведуваат до екстремена сиромаштија. Поради сегашната економска рецесија, бројот на луѓе кои живеат во екстремена сиромаштија може да стигне до 150 милиони во 2021 година.

„Парадоксот е во тоа што оваа криза не влијае на сите подеднакво“, – вели невладината организација „Oxfam“. Во својот извештај „’Кој ја плаќа сметката?’ – Од почетокот на пандемијата 8 нови милијардери се појавија во Латинска Америка, т.е. нов на секои две недели.“ Со други зборови: богатството на 73 милијардери во Латинска Америка се зголеми за 48,2 милијарди долари, од почетокот на пандемијата до крајот на јули.Се проценува дека 52 милиони луѓе ќе станат сиромашни, а 18 милиони ќе останат без работа оваа година на континентот. Да биде појасно, ова зголемување на богатството на привилегираната елита е еквивалентно на 38% од вкупните стимулативни пакети што ги активираа сетовите на национални владини мерки.

Кој ја плаќа сметката?

Планетарното лудило во оваа димензија ги доведува во прашање политиките на државите, монетарните и фискалните препораки што произлегуваат од меѓународните организации за ублажување на кризата. Главната тема во многу земји е оданочувањто на богатство.

Во анализата на ситуацијата во Латинска Америка, на крајот на јули „Oxfam“ започна конкретни предлози кои одат во насока на „примена на нето-данок во 2020 година од 2% до 3,5% на оние со повеќе од еден милион долари“. Со овој данок, владите на Латинска Америка можат да соберат до 14,2 милијарди долари, кои може да се инвестира во јавното здравство и социјалната заштита. Во втората недела од октомври, портпаролите на не-прогресивниот Меѓународен Монетарен Фонд предвидоа потреба за унапредување на одредена даночна политика. „ММФ повикува на зголемување на даноците на најбогатите а профитабилните компании да ја плаќаат сметката за кризата“, насловува весникот „l País de España“ во своето издание на 14 октомври.

Иако не е нешто ново, реалноста на мултиплицирано и астрономски забрзано богатеење во време на пандемија ја засилува потребата од прераспределбата на приходите во секоја држава. Ова подразбира преиспитување на чувствителни прашања, како што се даноците на добивка, данок на капитал, потреба за враќање на активната транспарентност и политичка храброст за да се спротивстави на затајувањето данок. Исто така, треба да се дефинира цврста позиција од страна на државите. во однос на надворешниот долг.

извор:  https://www.alainet.org/es/articulo/209405