Меѓународниот кривичен суд нема што да ги истражува злосторствата на САД во Авганистан
Извор: off.net.mk
Американската администрација објави дека ќе го замрзне целиот имот на главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд Фату Бенсуда и на еден од нејзините советници. Причина за ова е гневот на Вашингтон околу истрагата на судот за воените злосторства на американските војници во Авганистан.
59-годишната обвинителка по потекло од Гамбија претходно доби забрана за патување во САД, а истиот укор Американците им го поделија и на уште неколку истражители од МКС.
„Денес го преземаме следниот чекор, бидејќи, за жал, МКС продолжува да таргетира Американци. Ние нема да ги толерираме нивните нелегитимни обиди да ги стават Американците под своја јурисдикција,“ порачал државниот секретар на САД, Мајк Помпео, при објавување на забраната за патување.
Меѓу останатото првиот дипломат на САД го нарекол судот „комплетно нефункционална и корумпирана институција.“
Освен замрзнувањето на имот на двајцата функционери, Помпео најави дека истото ќе ги снајде и сите лица и ентитети кои ќе продолжат да им даваат материјална поддршка.
МКС во март одлучи да отвори истрага околу можните воени злосторства и злосторства против човештвото во Авганистан во периодот од 2003 до 2014, вклучително и оние извршени од американските сили и ЦИА.
Нема потреба да потсетуваме како Американците само до пред некое време беа напалени на меѓународни трибунали за терање правдини.