Граџанска инсталација – најновото дело на Град Скопје

Не поминаа ни 2 недели од изборниот успех на Левица, а пост-трауматските крици на неолибералните „урбани“ ликови се појавија во такво изобилство на форми што веќе е креиран доволно „материјал“ за мултимедијална инсталација. Логично е и Град Скопје да ја финансира истата, со оглед на хомофобичните испадни на Шефот на Кабинет на Шилегов, по урбано звани Никса. 

За разлика од претходните инсталации на Град Скопје, (како на пример таа за фламинга во вредност од 300,000 евра), оваа инсталација, под кураторство на Сашо Мијалков, не би требало да носи дополнителни штети по буџетот на Градот, со оглед на тоа што сите граџани-учесници се веќе одлично платени. Сепак, свесни сме дека оние кои деноноќно „серат“ имаат и силен апетит, па не се сомневаме дека Град Скопје и другите нивни спонзори ќе најдат начин дополнително да ги компензираат. 

Новитет на поставката би бил нејзиниот авто-дидактички аспект, односно би имала за цел, на самите учесници да им открие што (покрај хомофобијата) се крие под урбаниот слој на граџанството.