АктуелноЛокалноСтав

Ванковска – Добрата вест е Левица

Добрата вест е Левица – со двајца пратеници од крајна левица за првпат во македонската парламентарна историја, тие направија сличен исчекор како „Можемо“ од Хрватска: таму имаат 7 пратеници, ама земјата им е дупло поголема од нашата.

Не само маргинализирани, туку жестоко удирани од сите страни и со сите средства – од бојкотот на медиумите, дискредирации од главни уредници на телевизии (Кировски синоќа повторно не издржа да каже дека ТОЈ не ги сметал за леви, туку за десни!!!), НВО кампањи, а со скромни финансиски средства – тие извлекоа максимум.

Со Апасиев и Крмов, парламентарната бара малку ќе се разбранува, но од нив очекувам многу повеќе идната година на локалните избори. Тоа е можеби слаба утеха за Македонија како држава, ама добра вест за граѓаните (ако се освестат).СДССМ не се пасокизираше и нема да се пасокизира се’ додека им е корисна на странците кои им дадоа силна поддршка и carte blanche за масовна корупција на гласачкото тело.

Да бидеме реални: Македонија си игра демократија во колонијални услови, каде владејат марионетски власти, а конците ги влече некој друг (Берлин, Брисел и Вашингтон). Не знам дали досега го направил тоа, но Мицкоски треба веднаш да си даде оставка не само заради овој пораз: кога се работеше за државата тој ја спасуваше партијата, се покажа мек и неубедлив, без никакви лидерски способности. Најмногу од се’ покажа плашливост (може кај Апасиев да оди на часови): не се ни кандидираше за да ја види поддршката што ја ужива кај народот, а синоќа немаше сили ни да му се обрати на членството. Бидејќи устата му беше полна „чест и честитост“, сега би било чесно и честито да си даде оставка, да се врати на факултетот и на бизнисот.

Во национални рамки МОЌТА лежи во ДУИ и другите албански партии (или поточно, во албанската заедница). На Илинден можеме на Мечкин камен свечено да ја погребаме идејата за македонска држава и да ѝ дигнеме (ново?) знаме на северномакедонската. Папочната врвка со Илинден и АСНОМ ги пресековме, овој народ не ги заслужува ни Гоце, ни Јане, ни Питу. Оваа земја, простете, е туѓа. И јас за оваа земја веќе нeмaм што да кажам, ниту за што да се борам.

Добрата вест е Левица – со двајца пратеници од крајна левица за првпат во македонската парламентарна историја, тие…

Публикувахте от Biljana Vankovska в Четвъртък, 16 юли 2020 г.