Шокантни наводи за гласачките ливчиња?

Го пренесуваме во целост фејсбук статусот на Димитар Апасиев, Претседател на Левица, во врска со шокантни наводи во врска со гласачките ливчиња. Апасиев воедно и ги замоли новинарите да ги проверат овие информации со Државната изборна комисија.


Од утрово кај мене во инбокс стигаат низа ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ од луѓе кои вчера биле во избирачки одбори, за кои не знам дали се вистина – а би ги замолил новинарите да ги проверат во Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC

Наводно, на гласачките ливчиња воопшто нема отпечатено сериски броеви (туку има само на кочанот), а ниту има скриени броеви видливи под УВ ламба – што, ако е така, е прв пат во нашата изборна историја!? Искрено се надевам дека ова не е вистина и ги молам службите на ДИК да ја потврдат или демантираат оваа информација – која е страшна сама по себе, бидејќи отвора не малечко патче, туку цел автопат за утрешни изборни манипулации и фалсификати. #ФерИзбори

Од утрово, кај мене во инбокс, стигаат низа ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ од луѓе кои вчера биле во избирачки одбори, за кои не…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Вторник, 14 юли 2020 г.