Матичните лекари денес со протестен акт!
Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ денес повика на протестен акт. Го пренесуваме нивниот повик во целост, а воедно искажуваме и целосна солидарност и поддршка за сите здравствени работници!
Матичните лекари денес со протестен акт!
Денес од 14 до 14:30, под заштитната опрема која сами ја купуваме, испечатете ја на лист хартија нашата парола и да го изразиме нашето незадоволство,со излегување секој пред својата ординација!Протестираме против скандалозниот игнорантски однос кон нас и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари,од почетокот на пандемијата до денес!
Бараме:
1. Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.
2. Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам
3. Бараме да има член претставник од матичните лекари во комисија за заразни болести
4. Стопирање на било какви “реформи” најавени за од 01.07, невиден преседан во сред пандемија.
5. Бараме помош во вид на итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа
Партии СТОП, поддржувајте не од дома! Изјави нема да даваме, ниту ќе гостуваме по телевизии, нема потреба од драма таква, драмата е на терен и по болници, и онака има премногу работа!
Постирајте слики од поединечните протести под хаштагот: #ДостаЕ #MjaftMë!
Матичните лекари денес со протестен акт! Денес од 14 до 14:30, под заштитната опрема која сами ја купуваме,испечатете…
Публикувахте от Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ в Вторник, 14 юли 2020 г.