Идентитетот се бетонира на Википедија, НО како северномакедонски

Додека квислизните кои го потпишаа т.н Преспански договор не’ убедуваа дека неговото криминално донесување и спроведување не го загрозува идентитетот, реалноста зборува за нешто сосема различно. Впрочем, за овие последици предупредуваме во континуитет последниве 3 години. 

Википедија, енциклопедијата на 21 век,  е основниот извор на знаење на Интернет. Поради тоа, начинот на којшто Википедија го употребува терминот македонски/северномакедонски има сериозни последици за неговата широка прифатеност и глобална употреба. На off.net беше објавено следното предупредување од страна на Википедија. Со оглед на тоа што содржините на оваа интернет енциклопедија се менуваат од страна на заедница на волонтери, предупредувањето е дадено во одговор на напори за промена на употребата на Википедија од “северномакедонски на македонски” во сите различни варијанти.

Текстот го пренесуваме во преведена форма, а оригиналот на англиски можете да го погледнете на сликата или тука.

Објавено од страна на Википедија, преведено на македонски.

Предупредување 

Замолуваме да престанете да менувате од “Северномакедонски” во “Македонски”. Ако продолжите да го правите тоа, ќе бидете блокирани од можноста да уредувате содржини или ќе имате забрана за промени на оваа тема. Нема никаква грешка. “Северномакедонски” постои и се употребува, како што неодамна беше одлучено во однос на барањата за промена на содржината на Википедиа за “Северномакедонски пасош”. Википедија не е тука за да ги остварува желбите на Северномакедонската Влада.

Три работи се официјални во однос на Северна Македонија:

  • Името на земјата: Северна Македонија
  • Јазикот – Македонски
  • Државјанството: Македонец/државјанин на Република Северна Македонија (не е ниту Македонец, ниту Северномакедонец)

Дали луѓето се нарекуваат Македонци или Северномакедонци или Славомакедонци или Централнобалканци или ЧЏШ, не е пропишано во ниту еден официјален документ, како што во ниту еден документ не е содржано дали камењата/храната/музиката/планините се нарекуваат македонски или северномакедонски. 

Тоа што Владата на Северна Македонија го кажува е неофицијално и не е во иста линија со тоа што го кажува грчката Влада. Поранешниот грчки премиер Ципрас, ги нарече луѓето, Северномакедонци, што е сосема во ред и е во линија со Преспанскиот договор.

За крај, Википедиа не се занимава со официјални имиња, затоа ве молиме престанете со промени кои спротивни на консензусот во заедницата на Википедија. (27 јуни 2020).” – гласи ставот на Википедија.