Рамен vs. прогресивен данок
Го пренесуваме ставот на Јован Крајевски, член на Президиумот на Левица.
„Секоја година, некое “фраерче” во УЈП пријавува плата од над 250.000 еур МЕСЕЧНО. Секоја година, телстилните работнички пријавуваат плати од 250 еур МЕСЕЧНО. Ова би требало да значи дека тоа “фраерче” работело 1000 пати повредно од текстилната работничка. Звучи нереално, не?
Рамен данок не може да го смени овој сооднос 1:1000. Затоа постои прогресивен данок, кој треба да ги корегира овие грешки на “меритократскиот” капитализам, да го намали тој сооднос 1:1000 и да му ги намали примањата на ова “фраерче” кое што најверојатно добива 250.000 еур бидејќи е шефче што одбива да им ја покачи платата на своите вработени и цела добивка си ја кешира самиот.
Затоа, пред да напишете дека со рамен данок веќе богатите плаќале повеќе (браво, имате основно завршено, процент сте научиле да пресметувате), размислете малце што значи да имате држава во која соодносот на примања е најмалку 1:1000 и укопчајте дека тој рамен данок не го менува овој сооднос. А потоа размислете дали вие сте всушност погодени од тој прогресивен данок, или на плата од 2000 еур (чисто сумњам и толку дека земате) плачете за 50 еур што повеќе би требало да ги платите и сте спремни за нив да го оставите ова “фраерче” да прави 1000 пати повеќе од најниско платените во Македонија.”
Секоја година, некое "фраерче" во УЈП пријавува плата од над 250.000 еур МЕСЕЧНО. Секоја година, телстилните работнички…
Публикувахте от Jovan Krajevski в Вторник, 30 юни 2020 г.