Пет точки за контрадикторностите на социјалдемократите

Став на Александар Симонов, магистрант на факултетот за меѓународни односи во Санкт-Петербургскиот, Државен Универзитет.


1. „Насилните начини за решавање на конфликтите го оневозможуваат развојот и почитувањето на човековите права“ (Declaration of Principles of the Socialist International)

1.1. Декларацијата на принципите е еден од основните документи на идеологијата на социјалдемократите.

1.2. Социјалдемократските партии најчесто ја деградираат сопствената идеологија (која одамна нема левичарски вредности).

2. СДС на „нашата земја“ е дел од Социјалистичкиот Интернационал (т.с. беше ама ги шутнаа заради тоа што НЕ ПЛАЌАА членарина).

2.1. Спротивставувањето на насилно решавање на конфликти е (или барем треба да биде) дел од нивната идеологија.

2.2. Мирно решавање на конфликти преку членство во воен пакт. Како?

3. Целата своја политика ја насочија кон интегрирање во воен пакт кој по дефиниција конфликтите ги решава преку насилство.

3.1. Внатрешното управување во процесот на интеграција преполно со елементи на хибриден режим.

3.2. Надворешната политика во процесот на интеграција целосно квислиншка.

4. Резултат – интеграција во воен пакт кој е извор на конфликти.

4.1. Истиот воен пакт е најчестиот прекршувач на „меѓународното воено право“ и повелбите на ООН.

4.2. Во секој нивен (НАТО) конфликт жртва се огромен број на ДЕЦА.

5. Интеграциониот процес е завршен во време кога генерален секретар на НАТО е социјалдемократ (Столтенберг).

5.1. По кого патем именуваа улица (ќути си, добро е, не е некој од УЧК)

5.2. Столтенберг дел од својот живот помина во Југославија никогаш не го осуди насилството и убивањето на деца од страна на НАТО за време на бомбардирањето врз Југославија.

📌Безобразност во кампања – потценување на интелигенцијата на обичниот граѓанин, убедувајќи го дека членството во воен пакт влијае на подобрувањето на економската состојба избегнувајќи ја идеолошката, етичката и моралната дискусија.


1. „Насилните начини за решавање на конфликтите го оневозможуваат развојот и почитувањето на човековите права“ …

Публикувахте от Aleksandar Simonov в Събота, 27 юни 2020 г.