САД ќе ја снабдува Саудиска Арабија со преку 1000 нови ракети

Пентагон во средата објави дека Боинг ќе ги снабди Саудиска Арабија со повеќе од илјада ракети. Пентагон обзнани дека компанијата Боинг ќе извезе на Ријад околу 650 ракети од типот SLAM ER и 402 против бродски Харпун проектили.

Според министерството за одбрана на САД, Ријад има потпишано договор со Боинг на 1.697 милијарди долари за да развие 650 ракети од типот SLAM ER и да ги транспортира во Саудиска Арабија. Дострелот на овие ракети е околу 270 километри и договорот се очекува да се заврши до декември 2028ма. За извозот на противбродските (Харпун) проектили ќе биде потпишан нов договор на износ од 656.98 милиони долари. Дострелот на овие проектили е 125 километри.

САД претходно беа жестоко критикувани за продажбата на оружје на Саудиска Арабија, поради вмешаноста на Ријад во војната во соседен Јемен и влошувањето на хуманитарна ситуација таму.