Левица: Дали општина Охрид преку субвенции за велосипеди врши предизборен поткуп?

„Во време на вонредна состојба во која сме сведоци дека се поголем број на работници остануваат без работа, а на друг огромен дел платите се намалуваат, општина Охрид предводена од Градоначалникот Константин Герогиески на 13.05.2020 објавува Јавен повик за субвенционирање за купување велосипеди. На повикот експресно во нецел ден се пријавуваат 110 лица?!

Иако јавниот повик гласи за сите жители на Охрид, како во нецел ден се пријавуваат 110 лица за субвенции, а притоа треба да приложат документацијата која е речиси невозможно да се собере во толку краток временски период? Дали тоа треба да значи дека некој претходно веќе знаел дека таков повик ќе биде објавен и кога точно ќе биде објавен? Дали јавниот повик е свесно наменет за одредени луѓе?

Средствата според повикот ќе се распоредуваат согласно принципот „Прв дојден прв услужен“. Целосно погрешен пристап со кој им се ускратува можноста на овој повик да се пријават посиромашните граѓаните кои не можат за толку краток период да одвојат пари за купување велосипед. Со тоа се ускратува можноста на оние на кои им е најпотребна оваа субвенција да им биде дадена токму нив.

Со оглед на тоа дека наближуваат избори и со оглед на брзината со која се исцрпија наменетите парични средства дали можеби тие пари се наменети за власта да ја спроведе својата кампања или да врши поткуп на гласачи? Во меѓувреме се најавува ребаланс на буџетот и одвојување на дополнителни парични средства за спроведување на нов ист таков Јавен повик. Сумата на одвоени парични средства по најавениот ребаланс на буџетот несомнено ќе биде преголема, сомнителна и крајно погрешно насочена во екот на најголемата економска криза од осамостојувањето на Македонија.” – стои во реакцијата на ЛО Левица – Охрид.

Во време на вонредна состојба во која сме сведоци дека се поголем број на работници остануваат без работа, а на друг…

Публикувахте от Левица – Охрид в Неделя, 17 май 2020 г.