На денешен ден пред 148 години роден е Јане Сандански

На денешен ден 1872 година во Влахи роден е Јане Сандански – македонски револуционер, војвода и еден од раководителите на ТМОРО

“Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците. Вие ја барате слободата на Македонија како средство, како етапа на идни освојувања и присоединувања, додека кај нас слободата, автономијата на Македонија се положени во основата, како цел. Ете каде лежи големата разлика меѓу нас, внатрешните и вас – врховистите. Ако ги пуштевме вашите другари-офицери во ТМОРО, тие ќе ја водеа оружената борба, тие ќе ги имаа во своите раце четите, бојните јатки, Организацијата, и по таков начин, при слободна Македонија тие ќе му се наложеа на македонското население.

Ние имаме своја аграрна програма тесно поврзана со нашата општа политичка програма: првата се изразува низ барањето за доделување на земја на СЕЛАНИТЕ, а втората, политичката, се содржи во барањето од Македонија да се создаде автономна област во рамките на отоманското царство. А најмногу од се’ друго се плашиме од тоа нашите „мили пријатели” Бугарите, Србите и Грците, да не дојдат да не’ „ослободуваат”, зошто тие, всушност, ќе дојдат да не’ поробат.”