Говор на Фидел Кастро за мисиите на кубанските лекари низ светот

Нашата држава не фрла бомби против другите народи, ниту праќа илјадници авиони да бомбардираат градови. Нашата земја нема нуклеарни оружја, хемиско или биолошко.

Десетиците илјади научници и доктори кои нашата земја ги има, беа едуцирани да спасуваат животи. Апсолутно контрадикторно е со концептот да има научник или доктор кој произведува супстанци, бактерија или вирус што може да убие друго човечко суштество.

Во нашата земја ние истражуваме како да лекуваме болести како менингококен менингитис и хепатитис, употребувајки  вакцини, произведени  врз база на техники за генетски инжинеринг. И уште нешто многу значајно, потрагата по вакцини или терапевтска формула употребувајќи молекуларна имунологија.

Извинете што ги употребувам овие технички зборови. Тоа значи дека се таргетираат малигните клетки директно. Некои може да ги предвидат, а други може да ги излечат.

И ние одиме напред по тој пат. Тоа е гордост на нашите доктори и нашите истражувачки центри.Десетици илјадници  кубански доктори обезбедија меѓународна помош за најоодалечените и најсуровите места за живот низ светот.

Еден ден, јас реков, дека ние никогаш нема да праќаме и нема да правиме изненадувачки  напади против слабите делови во светот. Туку, наместо тоа, нашата земја ќе биде способна да испрати доктори  што ќе бидат потребни во најслабите места во светот.

ДОКТОРИ, не бомби! ДОКТОРИ, не паметни оружја со презицно таргетирање. Бидејќи на крајот на денот, оружјето што убива предавнички апсолутно не може да биде паметно оружје.