Поема за Ленин од Бертолт Брехт по повод неговата смрт

На денешен ден во 1924 година почина Владимир Илич Ленин, еден од најголемите и најважни револуционери на сите времиња. Неговите анализи за политичко организирање и анти-империјализам се релевантни за светското работничко движење и денес. Во негова чест, објавуваме превод на поемата по повод неговата смрт, напишана од Бертолт Брехт.


Се вели дека
кога Ленин починал
Војник кој смртта ја гледал
На своите другари тој им извикал:
Не сакам да верувам!
Не сакам да верувам!
Каде ли лежи
Отидов лично да го видам
„Илич Илич !
Експлоататорите доаѓаат“
Јас му довикнав.
Не се помрдна,
Сега веќе знам, него го нема.

Кога еден таков човек заминува
Како ли може да се задржи?
Кажете му го она што да биде треба
Тоа него ќе го задржи!
Тоа него ќе го задржи!
Што ли може Ленин-а да го одврати?
Војникот си помисли:
Доколку слушне
дека дојдоа експлоататорите
И да тој болен лежи
од кревет ќе се истопори.
А можеби и да појде
дури и на патерици.
А можеби и тие би го довеле
и на плеќи би го донеле
Тој сепак ќе стана и ќе се бори
Против експлоататорите!
Против експлоататорите!

Војникот знаеше
Ленин додека жив беше
Дека со експлоататорите сиот живот се бореше
Додека војската помагаше
при опсадата на Зимскиот Дворец
Додека тој се бореше
Од таму да се врати сакаше
Поради полињата кои чекаа
со насат посеани да бидат
Одеднаш Ленин на војската се обрати
Знам, но остани!
Сè уште има експлоататори
И сè додека тоа постои
Борбата мора да опсти
Слабите во борбата,
да се впуштат не ќе можат
силните мора да се приклучат
На борбата за час.
Доколку пак тие,
кои сеуште силни се
години мора, во борбата да виреат
Најсилното нејзино оружје
сиот нивни живот ќе биде.

Нека слава биде
во бој паднати сите они
Постојат многу кои го следат овој пат:
кои се верни како нас
И се подобри ќе бидат
како што во борбата напредуваат
Но кога Него ќе го нема,
празнината ќе се почувствува
Тој борбата ја поправа
За живеачка подобра
За силна држава
За имотот прашува
од каде тој доаѓа?
Мислите ги вреднува
во чија корист водат тој проверува
Кога сите замолчуваат
Тој прозборува
и додека насилството преовладува
а другите судбината ја криват
Ленин имињата ги извикува

Каде и да го здогледат
Него другите го следат
И уште пред Ленин да умре
кога уште сепак празнината пополната не биде
Победата со борба ќе се добие
Иако земјата во руини беше
Масите ги раскинаа синџирите
Но патот напред
Се уште беше мрачен.

Кога Ленин почина
Војниците на калдрма;
по плочи и камње,
седнати плачеа
Работниците пак;
оставаќи ги машините
паѓајки на коленици
кон небото вриштеа.
Кога Ленин почина
Како да лисјето и дрвјата
на заминување си веќе беа.
Од тој ден до денеска 13 години поминаа
Од јаремот се ослободи
На светот една шестина
И кога заканата ја слушнаа-
Доаѓаат екплоататорите!
Масите за борбата спремни се дигнаа

Ленин
длабоко во срцето
на работничката класа лежи
Тој наш учител беше
со нас во борбата бој биеше.
Сега тој, длабоко во срцата
на работниците почива.


Превод: Реџеп Хактан (Исмаил)