За Вице и Трајче Заеви нема извршители-на државата ѝ должат 26 милиони денари

Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на Македонија, може да се забележи дека двете најголеми фирми на братот и братучедот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев и Трајче Заев се наоѓаат на црната листа на должници спрема државата. 

Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата „Еленица“ која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Но и како Трајче Заев, така и Вице Заев има неподмирени средства спрема државата, имено според УЈП, Вице Заев за фирмата „Дравас Инжинеринг” е должен 16.944.150 денари и тоа по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка и по основ на персонален данок на доход.

Додека новата министерска за финасии вчера изјави дека ќе се засилат мерките против сивата економија во е-трговијата, за големите фирми кои имаат долг кон државата нема никакви најави. Меѓу другото, граѓаните кои се останати без работа или кои не можат да си ги подмират сметките поради високата сиромаштија, често се на удар на приватните извршители за подмирување на нивните долгови, кои се минорни во однос на милионските долгови на големите компании. 

Во 2016 година Стево Пендаровски како носител на листата за кандидати на пратеници во ИЕ1 најави дека нема да биде можно по 11 декември компензацијата за извршената извршителска работа да биде 5 до 7 пати поголема од сумата која треба да биде извршена. Ако должите 1.000 денари, нема да биде можно извршителот да земе 3 или 5.000 денари“. Сепак, извршителите и во новата власт предводена од СДСМ останаа кошмар за сиромашните граѓани кои постојано се жалат на рекетот кој врз нив се врши додека одвај врзуваат крај со крај.