Младите на Штука: Утре мора да биде одземена концесијата на Еуромакс

Соопштение на иницијативата „Младите на Штука-Иловица против рудникот”.


Почитувани, утре е денот кој го чекаме за одлука, доста ни беа одлагања, доста беа лаги и притисоци за смирување на револтираниот народ.

Упатуваме порака до властите утре да излезат со единствената правно – реална одлука, која впрочем одамна е донесена за нас – одземање на концесијата и стопирање на рудниците на смртта. Доста беа одлагања и манипулирање со јавноста редно е да постапите според законот, не се дрзнувајте за спротивното и не помислувајте на носење нови концесионери. Нам не ни смета само Еуромакс, ни сметаат сите останати компании – „ловци на богатство“ кои планираат да ја отворат масовната гробница над нашите глави. Чекаме утре да излезете со одлука дека е одземена концесијата на Еуромакс а со тоа и рудник да нема, но истата таа одлука очекуваме и да ја почитувате и во иднина кога повторно ќе се појави некој алчен профитер со понуда за нова концесија – да го одбиете, зошто мислиме дека веќе ви стана јасно дека овој народ не сака да одбира помеѓу помалото и поголемото зло, секогаш кога во прашање ни е животот и егзистенцијата а не принудите на избор нема да ви дозволиме вие да бидете нашите „џелати“ – ќе ви се спротиставиме бидејќи ова е наш дом, наше здравје. Затоа бидете паметни и не принудувајте не на построги мерки превземени од наша страна.

Назад нема, се работи за нашата иднина и здравје, затоа не отстапуваме додека не се заштитиме. Ги држиме очите отворен, стигнуваат гласини за можни наследници на Еуромакс и намерите за донесување на нов Закон за урбанистичко планирање со што сакате државата да ја направите приватна фирма а народот роб од времето на римјаните кога се сметаше само за објект а неговиот живот беше во рацете на негов сопственик. Не дозволуваме да бидете газди на нашите животи! Застанете на страната на народот, не ни го отежнувајте животот, не правете ни проблеми. Сметаме на вашата разумност. Утре сме повторно на блокада и очекуваме позитивен одговор. Рудник не смее и нема да има!

Почитувани, утре е денот кој го чекаме за одлука, доста ни беа одлагања, доста беа лаги и притисоци за смирување на…

Публикувахте от Младите на Штука-Иловица против рудникот в Понеделник, 1 юли 2019 г.