Додека САД ја окупира, Кина ја помага Венецуела
Завчера во Венецуела можеше да се видат двата дијаметрално спротивни начини на кои може да се води надворешната политика – капиталистичкиот и социјалистичкиот.
Од едната страна ја имаме САД како центарот на глобалниот капитализам и империјализам. Полицијата на главниот град Вашингтон, завчера влезе во амбасадата на Венецуела и насилно ги избрка членовите на интернационалната организација – Код Розово. Тие ја бранеа амбасадата од про-пучистичко настроената дијаспора, која патем речено е претежно создадена од богаташи и нивните роднини. Амбасадата на Венецуела, како и сите амбасади низ светот, важат за суверена територија на сопствената држава, без разлика каде се наоѓаат. Со овој варварски потег САД повторно покажаа, ако на некого не му беше јасно досега, дека немаат обзири кон меѓународното право – според кое ваквиот потег претставува окупација.
Од другата страна ја имаме Народна Република Кина како најголемата држава во светот со социјалистичко уредување. Кина завчера достави втора пратка со хуманитарна помош од дури 71 тони храна и медицински материјали. Првата пратка изнесуваше 65 тони. Дополнително, Кина непрекинато ги кочи секои обиди на САД и сојузниците во ООН за нарушување на суверенитетот на Венецуела. Оваа соработка се очекува да продолжи поради праксата на НР Кина да гради пријателски односи со сите влади кои се заинтересирани за взаемно корисни договори, како и на фактот дека и двете влади се социјалистички.