Колумбиски град одби 35 милијарди инвестиција во златен рудник
Мал Колумбиски град штотуку го одби проектот за златен рудник вреден 35 милијарди долари, ставајќи ги здравјето, животите на луѓето и Планетата Земја пред профитот.
Околу 98% од жителите на Кајамарка рекоа НЕ на рудникот, поради загриженост во однос на животната средина и загадувањето на водите – а Колумбискиот министер за Рударство Херман Арсе не изгледа многу среќен поради резултатите.
Јужноафриканската компанија АнглоГолд Ашанти планираше да отвори златен рудник, наречен Ла Колоса, во централна Колумбија, кој би можел да биде најголем златен рудник во Јужна Америка. Владата го подржуваше отворањето на рудникот Ла Колоса, тврдејќи дека рударството е од клучно значење за опоравување од војната со Марксистичките бунтовници. Но жителите на Кајамарка, каде рудникот би требало да се наоѓа, во огромно мнозинство го одбија проектот на неодамнешниот локален референдум.
Според БиБиСи од вкупно 19,000 жители кои живеат во градот, само 76 жители гласаа ЗА да се отвори златниот рудник, додека 6,100 гласаа ПРОТИВ!
21-годишната студентка Камила Мендез, во текот на гласањето, без да ги знае резултатите, изјави – „Јас гласав НЕ за идните поколенија. Имам два внука од седум и три годишна возраст. Иако постојано тие не живеат во Кајамарка, знам дека сакам додека растат и тие да ја имаат можноста да уживаат во природните убавини, како што јас ја имав таа прилика. Ако ние победиме…ќе покажеме на целиот свет дека Кајамарка е способна да победи една огромна мултинационална компанија, едно рударско чудовиште како што е АнглоГолд Ашанти!“
Но министерот Арсе рече дека активистите ги довеле во заблуда гласачите. Тој рече дека АнглоГолд Ашанти веќе има добиено дозвола за истражување, и дека таа дозвола ќе остане валидна. Локалната власт може да го управува земјиштето, но Арсе потенцира дека централната власт е таа која управува со подземните богатства.
На АнглоГолд Ашанти сеуште не и е одобрена Оценката за Влијание врз Животната Средина, па доколку и биде одобрена Арсе изјави дека ќе биде работа на Судовите или на Конгресот да одлучи дали локалната или централната власт ќе ја добијат битката.
Локалното население стравува дека рудникот ќе ја уништи животната средина во планината, како и дека ќе ги загади изворите на вода.
Коментари од читателите
1. Вилијам Патерсон вели:
„Им ја пружам граѓаните од овој град мојата целосна подршка…обично при вакви ситуации се завршува со победа на големите пари, но се надевам дека тоа нема да се случи овде. Светот гледа…“
2. Анонимен вели:
„Се надевам дека светот ќе обрне внимание на ова. Малите села се збришани во многу делови на Јужна Америка, во ситуации слични на оваа, само за да можат рудниците да продолжат без пречки.“
3. Непознат вели:
„Цела планина од злато не би била доволна да се задоволи алчен човек.“ – БУДА
4. Ана Марија Труиљо:
„Напред моја земјо!!! НЕ, НЕ, НЕ на рудниците кои можат да ја загадат нашата скапоцена Природа!!“
5. Мо Маркхам вели:
„Ви благодарам, ви благодарам за ова! Ако останете сами во оваа борба, контактирајте ја еколошката заедница за помош. Ние нема да дозволиме парите да владеат со светот повеќе. Премногу е загрозено. Ве ценам што го имате чувството за да го знаете тоа! Движењето за Спас на Климата би било среќно да се обиде да ви помогне на вас, или да најде други кои ќе можат да ви помогнат. Солидарно!“
6. Патрик Јеш вели:
„Ви благодарам што го правите светот свесен за вашата храброст. Ве молам информирајте не.“
7. Анонимен вели:
„Голдман Сакс го поседува контролниот пакет акции во компанијата АнглоГолд Ашанти… Колку за ваша информација.“