Самоуправа во медиумите

Можно ли е денес на разговараме за ослободување на медиумите од директната контрола што ја има бизнисот врз нив? Што всушност мисли „прогресивната“ фела кога бара слобода на медиумите?

Шарената револуција во својата реторика неретко ги напаѓаше провладините медиуми, оние режемските на Грујо кои генерално се занимаваа со тоа кој бил хулиган, кој бил деликвент и сл. Оние другине, антирежимските на СДСМ за време на Бојкот кампањата се занимаваа со личната хигиена, т.е. кој колку бил бањат.

А ние треба да им го најдеме НЗД-то на нивната пропаганда за да го најдеме и клучот за нивната слобода. И не мора далеку да погледнеме, но треба внимателно, за да увидиме дека на РЕЖИМските и антиРЕЖИМските медиуми, НЗД им е РЕЖИМОТ на капиталот. Господата не се на различна страна, како што милуваат да се претстават во јавноста, туку се исти, заедно и работат за иста цел, за исти спонзори како и бизнис политичките партии.

Па затоа и режимските и антирежимските се сплотија и застанаа заедно против народот кој се бори против рудниците на смртта. Затоа и Асанж го затворија, бидејќи беше слободен новинар.

Дали треба медиумите да се тепаат за да најдат спонзори или треба да е сосема спротивно? Дали може спонзорите да се тепаат за да излезат на медиум? И дали има разлика? Како може законски да се овозможи уредувачките политики да не ги измислува газдата, туку тоа да го прави независен и стручен уредувачки деск, како што е и редот? Или треба да снема газди, па да имаат медиумите слобода?

Секако и државата и бизнисот ќе мораат да вложат во осамостојувањето на медиумите, со откажување од непринципиелни привилегии кои ги имаат во однос на седмата власт. Фелата да добие можност за самоуправување! И да почнеме, од седмата па до првата власт.

Да го направиме редот и да разјасниме зошто некои закони, политики, привилегии се штетни и актуелно, а и за во иднина.