СДСМ продолжува да ги обвинува граѓаните за да ги заштити бизнис интересите на најголемите загадувачи

Долга дискусија се разви во групата „Скопје бара чист воздух”, откако советникот на СДСМ во град Скопје, Анжелика Апчевска, го пиша следниот текст:

„Ако не се промени свеста кај секој еден граѓанин ниту ќе имаме чист град ниту ќе имаме чист воздух. Во моментов можам да избројам барем 50 куќи кои испуштаат чад од оџаците. Се качив под Жданец и ги прашав дали би сакале да се приклучат на гас ако то би им било достапно. Не сакаат да чујат, ниту за гас, ниту за палети – за ништо. Им кажав смирено дека цел град го држат во заседа ама они не разбираат. Не сакаат да разберат. Такви луѓе има и во институциите, и во училиштата. Ги има насекаде. Исто така има уште поголем број граѓани кои ниу се грижат за тоа. Се грижат само за својот бизнис. Може да се донесат ригорозни мерки, да се затворат фабрики, депонии но останува еден голем и сериозен проблем. Домашните огништа. Козле е во магла. 90% од куќите се греат на дрва. Да не зборувам за Нерези и Горно Нерези. А тоа е само еден мал дел од Скопје.”

Целата дискусија каде граѓаните побараа одговорност за несериозното работење на Владата во однос на енормниот проблем со загаденоста можете да ја прочитате тука.

На ова одговори и Божидар Јовович, активист за чист воздух. Ја пренесуваме во целост неговата реакција.

„Овакви несериозно постови од луѓе кој се во советот на градот не очекував. Мантрање дека се криви домаќинствата (факт е дека загадуваат) но да бидат главен проблем за да работат одредени фабрики и бизниси не е ок. Неспособноста на власта е многу јасна со овакви оправдувања. Секој ден имате информации на тацна за беспари, ви чистат разни организации како таа на Ирена Р. низ градот додека тие што треба да работат се по кафани, па ве молам поштедете не од хипокризава. Деца умираат, болници се полнат, ѓубре до колена, тон проблеми а градоначалникот си прави средби за хумор и сатира но граѓаните криви!? И да се криви, грешат, загадуваат одбрани сте од народ да ги решавате проблемите не да префрлате топката на друго место. И немојте да не потценувате, па цвета криминалот во градов, пример не знаете за моторите што летаат по улиците, не знаете за останатите проблеми кои никако не ги средувате дури и растат!? Искрено добар метод за вашето неработење е да маваш по граѓаните кои и да се криви треба на соодветен начин да ги истретирате, казните или опоменете. Со вашето неказнување (можам да дадам и примери) како вие на ненормалниот му го легализирате нелегалното, за сметка која на крај ја плаќаат тие кои се нормални. Еј низ цел град се топи бакар, фабриките трујат, поради еден таков момент каде мерната станица во Гази Баба покажа големи вредности од утредента неработи но граѓаните се МАФИЈАТА.”