Законите и правото се привилегија на богатите

Најмалку е СРАМНО тоа што во една ваква бедна социјална состојба на заедницата, се делат толкави суми за студирање каде ништо подобро не се поучува студентот од домашните факултети, туку само се тренира за репродукција на идеите на владеjачката класа! Впрочем не е ни малку случајно (а уште помалку пак неочекувано) од владеjачката струкура особено од Никола Димитров, како што впрочем не ни требаше бомби за да знаеме дека ДПМНЕ крадат. Имено, оваа состојба уште великиот Рацин ке ја запази во својот Резултат од 1928 год: „Нашите господари ги испраќаат своите синови во посебни институти, каде што купуваат свест и знаење како да постапуваат со нас – а ние, робовите, мораме сами да бараме свест за одбрана од нив, мораме со гола рака да пробиваме тунел низ грозотиите на робовската Темнина“!

Па уште и да се правдаш со познатата максима (особено позната на Димитров како рехабилитиран ДПМНЕ-вец) дека „се е според Уставот и законите (плус прописите – надградба на оваа гарнитура) е подлост на битие кое лази, а не кое оди по земјата. ПРОФАНА КАТАРЗА на моралот!

И на крај ДА, апсолутно има основ за кривична одговорност! Постои јасна интенција на обата министри во дослух да ги испеглаат и искористат формално – правните прописи за своја лична материјална корист. Особено силна индикација е експресното процесуирање на апликацијата – па како ли оваа администрација го спроведе ова толку ефикасно и толку ефективно!? Но, кој да ја спроведе таа пресуда, судиите кои се запишуваат во тефтери и чекаат на ред за унапредување и други видови „потпомагања“ за своите и бизнисите на блиските околу?! Бадијала правни норми и прописи кога правото не се раздава секому, туку тоа е привилегија на имотните. Впрочем и ова е најдобра илустрација на тоа дека правото е волја на владеачката класа преточена во закон!

Но, јас се надевам дека освен историјата, некогаш ке суди и овој народ!

Став на Хактан Реџеп Исмаил, член на Президиумот на Левица

Превземено од фејсбук.