Еден народ – една раја

Работ на кој се наоѓаме… тој не е политички, тој не е философски…
Работ е онаму каде што стигнавме бидејки овие зборови никој не сака да ги изусти.
Тоj е проклетсвото на индивидуализмот. Никој нема да каже „Јас згрешив“ но сите ќе бараат грешка во другите, а не во себеси.

Затоа сме тука, на работ на западната цивилизација.
Секој еден од нас е грешен и крив! Не научивте ли од христијанството и исламот: покајанието е признание на вина, а прошката не ви ја дава друг, прошката не ви ја дава Бог.
Прошката е она кое си го давате себеси кога нема да ја повторите истата грешка.

Јас само да ве потсетам… Од 1991 грешката е туѓа, а не наша. Ама ние ги гласаме, ние им даваме моќ да повторат, на едните и на другите…
Прво Бранко беше крив, после Љубчо крадеше со Џафери, па Бучко и Хари со Али и Џафери… После Грујо и Али, сега Заев…

Јане беше рекол: „Денешниот момент е голем. Во него ќе се реши големото прашање: ќе биде или не слободен нашиот народ? Кој ќе биде победник – тоа зависи исклучиво од вас, од вашата волја и готовност да умирате за слободата. И зарем вие, граѓани, што веќе вкусивте од слатките плодови на слободата, ќе се поколебате да ја исполните својата пресуда и да не го закопате злосторничкиот апсолутизам?“

Сепак, драги сотатковинци, одговорноста за она кое ни се случува лежи само во нас.
Сотатковинци Албанци, Македонци, Турци, Срби…
Не беше ли доста да ве лажат дека високата авлија ве брани од комшијата, додека лебот од уста ви го земаа и децата ви ги избркаа од тука…

И тој комшијата како вас нема леб. А комшијата не е оној кој ви го зеде лебот од уста.

Тоа го прават оние кои ве убедуваа во високата авлија.
Оние кои од најблискиот – душман сакаат да направат за да ве разделат, осиромашат и направат уште позависни од нивната моќ.

Родени сме сите на ова парче земја… ние и Македонци и Албанци и Турци и Срби и Роми и Бошњаци и сите други.
Ние сите сме еден НАРОД… Една РАЈА владеана од нови Бегови, Валији, Султани.

Наша е вината, ние ги гласавме.
Вината е наша, верувавме дека кошијата е душман… дури некогаш и брат со брат на крв се гледавме за тие да се богатат.

Да научиме од грешките.
Неможе повеке вака.
Сите сме рамни, сите сме исти. Еден народ сме комшии, сотатковинци … Браќа.

Сите ние аргати, сите ние обесправени, сите ние ситна раја за големите везири.

Исправете се обесправени!
Немаме веќе што да изгубиме освен сиџирите.

Автор: Никола Игнатовски, член на Централниот Комитет на Левица