Сè, освен левичари

Ти им велиш дека угнетеноста на жената е дел од капитал односот и …, они те прогласуваат за мизогин и шовинист;

Понатаму пак им велиш дека сексуланата маргинализираноста мора да ја има предвид и класната маргиналзиираност и таа борба да оди парарелно со неа, те етикетираат како хомофоб;

Пак на истите им укажуваш дека минималната плата (особено ваква зацртана двапати помала од потрошувачката кошничка!) е фарса и груба манипулација со работникот, без одредена максимална плата и особено без радикални даночни зафати за реалокација на богатството кое енормно е концентрирано во мал број луѓе, они те отфрлаат како „радикал“;

Ќе кажеш дека Охридскиот Рамковен Договор е политичко гомно заради тоа што политички ги етаблира етничките култури и дополнително ја интензивира и зацрвстува етничката поделба во оваа турбо етно заедница, ќе бидеш прогласен за националист;

Ќе им кажеш дека самоопределувањето и самоименувањето е основно право на секој народ, ќе те озлогласат како вмро-вец;

И сега на крај дојде да им кажеш НЕ ВО НАТО! како основен левичарски принцип на антимилитаризам, ќе ти скокнат „а Русија ли“!?

Ќе им укажеш дека СДСМ нема ништо социјал-демократско, а камоли пак левичарско, е ТОГАШ ЌЕ ДОЈДЕ „ЖИВОТОТ“ и СИТЕ ЌЕ ГИ УХЛЕБИ!

#НАТОлевичари
андарскиГласноговорници
#КвазиЛевичари
#ОПОРТУНИСТИ

Хактан Реџеп Исмаил