Скопје солидарно во борбата против рудниците на смртта – Иловица

Текстот е преземен од ФБ настанот.

Почитувани сограѓани,

На 16ти Јуни струмичани ќе маршираат против отворање на рудникот Иловица! Да излеземе заедно и да ги поддржиме во нивната борба, затоа што борбата за чиста и еколошка животна средина е борба на сите нас! Отворање рудник од ваков вид, во подрачјето кое ја храни Македонија, е неправда и спрема нас, но многу повеќе спрема генерациите што доаѓаат, нашите деца кои никогаш нема да ги запознаат зелените пространства и бистрите води. Тоа нема никогаш да ни го простат.

Веќе еднаш излеговме заедно на истото место со поддршка за иницијативата SOS Валандово, која се бореше против отварањето на рудникот Казандол. Казандол се затвори! Еднаш успеавме, ќе успееме повторно! За чиста и здрава животна средина! За здрави и среќни поколенија! ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!!