Аеродром: од најзелената општина до бетонска џунгла

Во последниве неколку години скопската општина Аеродром доживува градежна експанзија   која и покрај големото незадоволство на луѓето се одвиваше непречено. Првично вината беше препишана на поранешниот градоначалник на Аеродром – Ивица Коневски, но со изборот на новиот градоначалник ништо не се промени.

Главната причина за огромното незадоволство за новиот ДУП (детален урбанистички план) на Аеродром доаѓа пред се од фактот што општината уште од 2011-та година има опасен проблем со смог кој е најзабележителен кога ќе дојде поладно време. Како најниска точка во Скопје, кој веќе е котлински град, има недостаток со природно нискиот степен на воздушно струење. Логично е да се помисли дека новоизградените згради можеби не се главна причина за загадувањето но сепак не ја прават подобра ситуацијата, туку баш напротив ја влошуваат.

Други две причини што можат да се групираат заедно се следниве. Првата причина е што се сече веќе постоечко и израснато зеленило за да се изградат новите згради. Втората причина е што зградите се градат многу блиску една до друга, што не дава можност ни меѓу нив да се засади ново зеленило. Поради ова, жителите на Аеродром имаат забележано дека кога се пешачи во новокреираните „населби“ тешко се дише баш поради тоа што се што измеѓу зградите се улици низ кои константно поминуваат коли.

Овие две причини водат кон фактот што со изградбата на новите згради и населувањето на истите, има зголемен број на автомобили. Тоа само по себе отвара два нови проблеми:: неможност на наоѓање место за паркинг и уште поважно: зголемен проток на автомобили низ веќе загадената општина Аеродром.

Но, да се вратиме на фактот што се ова не се смени кога дојде на власт Златко Марин, туку баш напротив се влоши. Марин вети „ревизија на ДУП-от, строго почитување на еколошките стандарди и нови садници и зголемување на зеленилото.“

Од се тоа што го имаше ветено, Марин не само што не го исполни, туку го направи баш спротивното. Наместо да се направат нови садници, само се исекоа и избетонираа веќе постоечки за да се изградат нови објекти на истите, а под „зголемување на зеленилото“ најверојатно значело нередовно и задоцнето косење на тревните површини. Исто така, ДУП-от остана ист и Марин дури изјави дека наводно не можел да се смени. Тој изјави дека и покрај тоа, тие нови згради наводно ги полнат касите на општината и дека наводно изградил 500 нови садници (кои не се знае каде се и дали воопшто постојат) и дека во план се 1500 нови во иднина.

На 29.05.2018 фејсбук страната „Skopje Smog Alarm“ објави слики од плакати залепени на алуминиумските огради со вицкасти досетки насочени кон општината, Марин и новиот ДУП, опишувајќи го делото дека „граѓаните го возвраќаат ударот“. Но, баш напротив, вакви пасивни покажувања на сила не прават ништо за да се смени моменталната ситуација. Вакви слични пароли и досетки се лепеа по ѕидови и огради и во времето на власта на Ивица Конески, но како што гледаме, и покрај тоа што се смени власта, се остана исто, дури и полошо. И тогаш граѓаните беа пасивни во искажување на нивните незадоволства, како што се и сега, што укажува дека треба далеку порадикални начини на протест за вистински да се смени статус квото.