Проблемот е поголем од Facebook

Скандалите околу социјалната мрежа Facebook нанесоа голема штета на вредноста на акциите на компанијата. Злоупотребата на личните податоци за рекламни и политички цели создаде масовно движење за бришење на Facebook профилите, #DeleteFacebook. Марк Цукерберг, сопственикот на социјалната мрежа, се извини, но го задржа ставот дека правата на корисниците не биле нарушени, дека истите знаеле во што се впуштаат при употребата на социјалната мрежа и дека една глобална платформа од ваков карактер мора да има развиен модел за рекламирање, со цел да опстои. Притоа, тој не наиде на подршка, ниту кај корисниците, ниту кај останатите газди на големи ИТ компании.

Ние веќе неколкупати го разгледувавме феноменот на големите податоци и како тие учествуваат во генерирањето капитал, што воопшто не е мал, притоа без да понудат значителна материјална репродукција на секојдневниот живот (најчесто се користат за маркетинг). Користејќи го циклусот корисници – податоци – понапреден рекламен модел – повеќе капитал – понапредни услуги – повеќе корисници – повеќе податоци итн., компаниите кои имаат пристап до лични податоци создаваат ефективни модели за таргетирано рекламирање кои, секако, се користат и за политички кампањи.

Но, не е Facebook единствената компанија која што го прави ова. Тука ги имаме и Google, Twitter, LinkedIn (Microsoft), Amazon, AirBnB, Uber и ним слични. Сите овие компании капитализираат на личните податоци на нивните корисници, единствената разлика е што за нив се уште нема обелоденет „скандал“. Токму на оваа тема е и видеото подоле кое што порталот TeleSUR го објави.

#DeleteFacebook? It's Not Just Zuckerberg

Planning to delete Facebook? Bad news for you: Zuckerberg is not the only problem.

Публикувахте от teleSUR English в 3 април 2018 г.

Колкава штета и да се нанесе на Facebook, проблемот не лежи во нив, туку во самиот третман на податоците. Личните податоци на корисниците отворија нов и плоден бизнис, за што сведочи и постоењето на над 2500 трговци на податоци во САД. Експлоатацијата на овие податоци ќе продолжи со или без Facebook, доколку вниманието не се сврти кон вистинските причинители на ваквата ситуација.