Авганистан не заслужува ваква судбина!

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Бомбата експлодира во област блиску до многу амбасади и владини згради, но настрадаа обични луѓе.

Бомбата оваа сабота била скриена во возило на брза помош и уби барем 40 луѓе, а повреди 140 при полицискиот контролен пункт во главниот град на напатената држава Авганистан – како потврдија службените лица.

Талибан повторно се јави и ја презеде одговорноста за нападот, по седмица од нападот во хотелот Интерконтинентал каде загинаа повеќе од 20 луѓе.

Дејан Паниќ, координатор во Авганистан за италјанскиот тим Брза помош која ја раководи Трауматологија, вели дека ова е масакр и дека преку 50 ранети се донесени во болницата (извор преку Твитер)

Портпаролот на Министерството за јавно здравство потврди дека 40 се загинати и 140 повредени и дека се уште се носат жртви (ова е заокружени бројки според месната новинска агенција ТОЛО)

Мирвас Јисини, пратени, бил во близина на ексползијата и ги опишува ужасите кои ги видел. Мртви трупови лежеле на земја. Луѓе бегале. Дошле амбулантни возила со сирени, и се обидувале да пројдат низ загушениот сообраќај на градските улици. Сив густ чад се надвисна на областа со експлозија во градскиот центар, а зградите и стотина метри оддалечени се тресеа од силната експлозија.

Од нашето министерство за надворешни работи, има само молк и слики на протоколите на ракување со насмеани лица!

Авганистан не заслужува ваква судбина, каде најсилната армија на светот и целиот НАТО пакт не може да се справи со група на реакционери и радиклани исламски. Затоа, и оправданиот сомнеж кај многумина антимилитаристи дека ова е намерно одржувана состојба на привиден мир.

Inline
Inline