Огромна светска нееднаквост: 42 најбогати поседуваат колку 3,7 милијарди најсиромашни

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Добротворната организација „Оксфам“ објави извештај кој покажува дека само 42 од најбогатите луѓе на планетата поседуваат богатство еднакво на 3,7 милијарди од најсиромашните! Извештајот е објавен на 22 јануари, истиот дена ког сe одржува светскиот економски форум во Давос.

Од „Оксфам“ тврдат дека во претходниве 12 месеци се создаваат, во просек, по два милијардери секој ден а 50% од светската популација нема никакво зголемување на финансиски средства. Тие додадваат дека 82% од новото богатство создадено во 2017 завршило во рацете на најбогатите 1% од популацијата!

Тие ја окарактеризираа ова појава како „неприфатлива и неодржлива“ и побараа од политичките лидери да не се задржуваат на реторика туку да ја претоат во конкретни политики за решавање на нееднаквоста.

Првиот човек на „Оксфам“ изјави дека „Концентрацијата на огромно богатство во рацете на врвот не е е знак на жива економија туку симтом на систем кој потфрла за милионите работници кои работат за ниски плати“