Собранието изгласа амнестија

Собранието, без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, го изгласа законот за амнестија, предложен од страна на Владата. Со новиот закон, излегуваат на слобода околу 800тина лица со затворска казна до шест месеци и на околу 3000 затвореници казната им е намалена за 30%. Законот за амнестија не ги опфаќа лицата кои издржуваат доживотен затвор, педофилите, убијците, сторителите на кривични дела против државата, изборите и гласањето.

Република Македонија по петти пат ослободува затвореници преку Закон за амнестија. Претходно таков закон беше донесен во 1991, 1999, 2002 и во 2003 година.

Целта на законското решение, кое што беше најавено од страна на Зоран Заев по неговата посета на затворот Идризово, е да им помогне на осудениците во процесот на реинтеграција и да ги затворите. Со овој начин, премиерот очекува да се подобрат условите на затворениците кои нема да бидат ослободени. ВМРО-ДПМНЕ го осуди чинот на донесување на овој закон, велејќи дека е синоним за криминал во редовите на СДСМ, истовремено залагајќи се за амнестија на лицата осомничени за крвавиот собраниски упад.

Навиката на носење закони без присуство на опозиција веќе со години е честа пракса во Република Македонија. Полека, Собранието прераснува во егзекутивно тело на вољата на победникот на изборите, подјармувајќи го и оној мал степен на демократија што го имаме. Во меѓувреме, затворите во Македонија скоро и да немаат рехабилитациона улога, а условите за престој во нив се нехумани. Во извештајот на Европската комисија беше наведено дека во затворите има сериозни појави на корупција, а дека условите за живот на затворениците се деградирачки.