Контра кадар Скопје – од денес повторно во Кино Култура

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Од денес, понеделник, 20 ноември, Дебатното кино „Контра кадар“ – Скопје се враќа со месечна програма (ноември/декември) во Кино Култура.  Во продолжение описот на денешната дебатна проекција на филмот „Boogie nights“ која започнува во 20:00 ч. во Кино Култура. Описот преземан од Фејсбук настанот.

Контра кадар Скопје повторно во градот! По филмската одисеја на Cinedays, од понеделник продолжуваме со кино, но, во случајов, зачинето со дискусија по проекцијата.

Започнуваме со жешка тема: „Порнографија: слобода или ропство?“ Вовед во темата ќе ни биде култниот филм на Пол Томас Андерсон (Paul Thomas Anderson), »Boogie NIghts«, со Марк Волберг (Mark Wahlberg) и Брт Рејнолдс (Burt Reynolds) во главните улоги.

Филмот се смета за еден од најдобрите влезови во светот на порно индустријата и нејзините светли и темни страни. Објективен и веристичен, »Boogie Nights« е совршена основа за дискусија на темата.

Гостинка ќе ни биде Ирена Цветковиќ, активистка, борец за човекови права и правата на маргинализираните заедници.

Се гледаме во понеделник, 20:00 часот во Кино Култура.

Влезот, секако, е бесплатен!

Дебатно кино „Контра кадар“ – Скопје е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува. Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлекција на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план. Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена, а дебатниот формат не е фискен, иако има некакви контури кои ја гарантираат можноста за еднакво и целисходно учество во дискусијата на сите присутни. Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.