Изложба „Замислувајќи простор“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Изложбата „Замислувајќи простор“ во склоп на промотивните активности за книгата „На Скопје, со љубов!“ ќе биде поставена во студиото на Приватен принт од 14-19 ноември во периодот од 12-19 часот. На изложбата ќе бидат преставени публикации во кои се објавени архитектонски цртежи од Живко Поповски надополнети со мултимедијални дела инспирирани од нив. Изложбата е реализирана во соработка со: Мери Батакоја, Владо Данаилов и Мила Димитровска.

Практиката на публикување на архитектонските цртежи е акумулатор на идеи, кои се претвораат во просторни обрасци што се помнат. Така архитектонските идеи најпрво стануваат видливи и применливи. Нивната присутност постанува дел од нашето визуелно спознавање на околината или поимање на просторот. Изложбата има за цел да ја прикаже графичката култура на презентирање на архитектонските идеи и проекти. Односно преку изложбата се претставува визуелниот јазик преку кој се генерираат идејни обрасци за толкување и обликување на просторот. Во фокус се поставени публикации со одбрани архитектонски цртежи на архитектот Живко Поповски и се надополнети со интерпретативни графички толкувања изработени во повеќе медиуми и од различни автори. Преку изложените публикации се проследува графичкиот јазик преку кој таа практика се изразувала: формат, печат, типографија, хартија. Додека пак дополнителните мултимедијални и авторски читања на цртежите, како што е и графичкото обликување на корицата на книгата „На Скопје, со љубов!“, се надоврзуваат на идејата за презентирање, мултиплицирање и меморирање на архитектонските обрасци.

14-19 НОЕМВРИ 2017

12-19 ЧАСОТ

СТУДИО ПРИВАТЕН ПРИНТ