Убиј го гласникот

На денот на првиот изборен круг на локалните избори оваа година се случил инцидент во Гевгелија. Членови на некоја од поголемите политички партии вршеле контрола и закани кон гласачите. Тие биле стационирани близу гласачкото место во автомобили и на список проверувале кој гласал а кој не.

Откако член на Левица го забележал и документирал ова кршење на основното демократско право, тие излегле и упатиле закани и навреди кон него. Тој се претставил на полицијата која, иако се наоѓала во близина, претходно не ревземала ништо околу случајот. Додека бил легитмиран од страна на полицијата заканувачот бил пуштен да си замине и никакви информации за тоа не биле собрани. 

Случајот не завршил тука. На 2.11.2017 човекот кој го забележал и документирал случајот бил во полициска станица каде му било кажано дека треба да даде изјава. Изјавата била потребна бидејќи против него се водела кривична постапка. Нема никакви индкации дека полицијата води постапка против заканувачот.