Предавање: Десетте дена кои го променија светот

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Десетте дена кои го променија светот – Како Октомвриската револуција ја обликуваше историјата на XX век.

По повод 100 годишнината од Октомвриската Револуција и 73 годишнината од 11ти Ноември – ослободување на Куманово, Левица организира предавање на кое ќе бидат отворени следните прашања:

1) Како Октомвриската револуција ја обликуваше историјата на 20 век?
2) Зошто 1917 и зошто Русија?
3) Духот на октомври – Од „светска револуција“ до „социјализам во една држава“.
4) СССР и македонското прашање.
5) 1956 – 1968 – 1989.
6) Парадоксот на октомври – Дали Октомвриската револуција го спаси либералниот капитализам?

Предавањето ќе се оддржи на 05.11.2017г. (недела), со почеток во 20:00, во канцеларијата на Левица на “3та МУБ” бр.31 кај “Долче Вита”.

Предавач: Стефан Илиевски – дипломиран историчар.

Ве очекуваме.