Проекција на „Црвени“ – 100 години Октомвриска револуција

текстот е преземен од фб настанот 


Продолжуваме со серијата филмови по повод 100-те години Октомвриска револуција.

Оваа среда го прикажуваме филмот „Црвени“ (Reds // САД // 1981 // режија Ворен Бити // 3ч 15 мин).

Синопсис: Американскиот новинар Џон Рид патува во Русија за да ја документира Болшевичката револуција и се враќа дома со револуционерните идеи. Неговата силна поддршка на левичарските политики го зближува до Луиз Бријант, тогаш мажена, која ќе стане феминистичка активистка и „икона“ на движењето. Состојбата до САД станува покомплицирана како што се зголемува процепот помеѓу реалноста и идеалите на Рид. Рид одлучува да се врати во Русија, каде што неговото здравје подоцна се влошува, а воедно при тоа разделувајќи се од Бријант која останува во САД.

Ако некому му значи, филмот е добитник на 3 оскари (споредна женска улога, режија и камера) и бројни други награди.

Среда 01.11.2017 19ч