Архитектонските списанија се во фокусот на „Вонредна сесија 01“

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Преземено од МКД.мк


На Архитектонскиот факултет во Скопје на 24 октомври, во 18 часот, ќе се одржи „Вонредна сесија 01“, настан во организација на „Архи.тек“ од серијата неформални разговори „Вонредни сесии“, овојпат е посветен на архитектонските списанија.

Ретроспективата на списанијата за архитектура издавани во Македонија (Информатор, А:, Аршин, Дома и други) ќе биде направена преку разговор со нивните уредници и изложување на архивски примероци, а соговорници на настанот се Минас Бакалчев, Мартин Гулески, Влатко П. Коробар и Јасмина Силјаноска.

„Архи.тек“ е бесплатна месечна памфлет публикација на Архитектонскиот Факултет во Скопје, додека „Вонредни сесии“ се неформални разговори за архитектура и култура, организирани од „Архи.тек“ во соработка со Архитектонскиот факултет во Скопје.

Inline
Inline