Неколку цртички со Марија Џонс

Антропол: Чиј град е Скопје?

Џонс:  На сите Скопјани.

Антропол: Што го прави Скопје ваш град?

Џонс: Глетката низ мојот прозорец, сега додека ви пишувам, е истата како кога сум имала две години.

Антропол: Градоначалничка на Скопје – зошто?

Џонс: За Скопје да биде на сите.

Антропол: Вашите опоненти се китат со зборовите „живот“ и „работа“. На што се повикувате вие?

Џонс: Луѓето го прават Скопје.

Антропол: За какво Скопје се борите – како од минатото, како сегашново или…?

Џонс: Па, за идно Скопје што ќе научи да ги прифати сите, а и минатото и сегашноста, без аривистичкиот триумфализам од кој страдаат оние што сакаат да остават печат дека биле семоќна власт.

Антропол: Колку лица има Скопје – едно или повеќе?

Џонс: Скопје има многу лица, лажно блескави, самозадоволни, несреќни, незадоволни, борбени, најлоши се оние што се кријат зад маска.

Антропол: Кои се имињата на трите најголеми проблеми на Скопје?

Џонс: Загадување, сиромаштија, криминал и корупција.

Антропол: Кои се имињата на решенијата на тие проблеми?

Џонс: Првите две бараат системски приод, последното може да се реши и преку постоечките закони доколку има политичка волја.

Антропол: Која е главната стратешка предност што Скопје треба да ја искористи?

Џонс: Човечкиот потенцијал.

Антропол: Што треба да има помалку, а што – повеќе во Скопје?

Џонс: Јавни простори со човечка димензија, помалку приод кон Скопје како недвижнина за крчмење.

Антропол: Што насушно му треба на Скопје, а никогаш го немало?

Џонс: Ќе ги прашаме Скопјани, но јас како можен иден градоначалник нема да ги ставам мотористите на прво место. Нешто што Скопје го немало, а му ја думало за тоа, е чист и брз јавен превоз.

Антропол: Кој е најзагрозен во Скопје?

Џонс: Градската сиромаштија.

Антропол: Каде е „јавното“ во Скопје?

Џонс: Главно на местата создадени пред триесет и повеќе години, во последниве децении само ги проголтува пекменот на локалната варијанта на капитализам.

Антропол: Што ќе направите вие за „јавното“ во градот?

Џонс: Нема да го покривам со бекатон, како прво.

Антропол: Што со „Скопје 2014“ во два-три збора?

Џонс: Можеби матен и смрдлив Вардар ќе го однесе тој неуспешен авторитарен споменик на неуспешни идентитетски политики, кога ние Скопјани не можевме да му се спротиставиме. Многу луѓе сега се занимаваат со ова, јас лично, ја чекам студијата што ја вети Никос Чаусидис.

Антропол: Кои се главните цели на Левица на овие локалните избори?

Џонс: Да успее да влезе во локалната власт за да ги застапува Скопјани и да ги информира за сè што се случува доколку и следната локална власт подзаборави на „транспрентноста”.

Антропол: Какви се вашите очекувања?

Џонс: Да бидам позитивно изненадена, ама пак јас сум скромна во очекувањата.

Антропол: Што е првото нешто што би го направиле како градоначалничка?

Џонс: Итни мерки за намалување на загадувањето за претстојнава зима.

Антропол: Благодариме!