СЕМОЌНИОТ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Оваа недела се одржаа единаесеттите по ред Hip Hop Awards (Хип Хоп награди) на американскиот кабловски канал BET (Black Entertainment Television). Најголем впечаток кај американската јавност остави настапот на Еминем и неговата критика, во freestyle форма, кон Доналд Трамп.

Но, друг момент беше најзабележителен за македонските хип хоп ентузијасти и, подоцна, пошироко за Македонците. Тоа е облеката на двајцата изведувачи West Side Gun и Conway.

Како што се гледа на сликите, тие носат дуксери со написот „СЕМОЌНИОТ“. Според исказот на West Side Gun, тој го смислил прекарот „Almighty“ за неговиот тим и, потоа, со истражување дошол до македонскиот превод за кој сметал дека делува „моќно и убаво“.

Официјалните маички со натпис „Семоќниот“ се продаваат на интернет по цена од 50 долари.

Доказ за тие што не веруваат во Семоќниот.