„Збор-два за законот за минимална плата“ – Гласен Текстилец

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

текстот е преземен од фб објавата


Збор,два за законот за минимална плата(ова важи за работниците). Нормата треба да биде донесена во договор со работодавачите и работниците. Знам дека мислите дека нема да функционира, но мора да се потрудиме. Нормата која ќе биде договорена треба да можат да ја извршуваат 80% од работниците. Бидејќи фирмите ќе бидат субвенционирани од страна на државата, тоа значи дека работодавачите се должни да го задржат бројот на работници една година по субвенционирањето. Значи ако за еден работник , работодавачот добил субвенции во септември 2017, не смее да му даде отказ до семтември 2019, во спротивно ги враќа назад парите кон државата. Ако инспекторатот утврди дека работодавачот не исплатил минимална плата, со решение му се дава наредба да исплати во рок од 8 дена. Доколку не исплати, се поведува прекршочна постапка. Ако прекршок се повтори во рок од една година, се дава забрана за работа и прекршочна постапка и исплата на плата.По забраната за работа, работодавачот не смее да го намали бројот на вработени во следните 3 месеца.

Казните се многу важни. 3000 евра е ако работодавачот не утврди нормиран учинок и не издаде потврда за остварен нормиран учинок.

6000 евра казна е ако не се исплати минимална плата.

И сега, на вас останува анонимно да алармирате како се спроведува законот. Бланко да не се потпишувате и да не се фаќате за финтата усен отказ, бидејќи тоа не постое. Малку похрабро, за вас се работи!