Денес е недела – Назим Хикмет

Денес е недела.
Прв пат насонце мене денес ме изнесоа,
И за прв пат во мојот живот;
              приметувајки дека, небото е толку далеку од мене, толку сино и толку широко, вчудовиден се стаписав без да мрднам.
Потоа со почит седнав наземји,
грбот го на ѕид потпрев.
Во мигот, ниту вбранови вивнување посакав,
во овој момент ниту борбата, нит слобода ниту пак на жена ми помислив.
Земја, сонце и јас…
Среќен сум.

Нè поробија
во затвор нè фрлија;
мене помеѓу зидови
тебе надвор од нив.

Но, мала е нашава работа,
најлошо е уствари кога,
знаејќи или незнаејќи,
човек во себе го затворот носи.

И ако од веков, татковината и од човека
тебе надеж ти барем малку останала;
па ако те на јаже не обесат та фрлат взандана
и ако лежиш 10, 15 години, и да ако уште бајаги имаш,
ќешке (камо среќа), како знаме
да висев на врв јаже,
                          немој ти да кажеш!
гордо ќе се исправиш во животот

Можеби блажентсво веќе не е
но сега должност тебе ти е
за инает на душманот
да живееш ти ден повеќе!

Писма на изолиран човек, од еден затвор – Назим Хикмет, 1938 год.