Чувства (Ова е цивилизација)

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Текстот е превземен од FB настанот.


Втората епизода од мини серијата за историјата на уметноста е посветена на чувствата. Taa дава вовед во уметноста од периодот на просветителството, особено во контекст на француската буржоаска револуција преку примерите на уметниците Жак Луј Давид и Франциско де Гоја.

Освен што биле современици кои никогаш не се сретнале, и двајцата биле радикали кои сметале дека општествениот прогрес е можен. Давидовата јасна визија – „ние сме по природа добри и ние можеме“ анализирана наспроти мрачниот песимизам на Гоја – „заспаниот разум раѓа чудовишта“. Ова се всушност и почетоците на политичката уметност.

По векови „сигурност“ што на луѓето им ја нудела општествената и небесната хиерархија предложена и наметната од црквата и аристократијата, преку просветителството и сремежот за осознавање на природата и општеството, темелите на овој опресивен систем веќе со ренесансниот хуманизам почнуваат да се нишаат. Просветителите учеле за моќта на знаењето и разумот преку кој можеме да стигнеме, до подобар и похуман свет. А разумот ги ослободува чувствата. Бог е всушност секој од нас. Низ оваа перспекпектива се согледува и човечката важност во космичката и општествената хиерархија. Можеме да бидеме благородни без кралеви, можеме да бидеме продуховени без црква.

Гостин, кој ќе даде свое видување за темата на документарацот, а воедно и ќе ја отвори дискусијата е проф. Nebojša Vilić.

Иако ова е епизода од четвроделен серијал, сепак тие не се директно поврзани и може да се следат и без претходните епизоди.


Серијалот „Ова е Цивилизација“ секој понеделник во јуни, предвидува проекција на различни епизоди од документарни филмови во авторство на уметничкиот критичар Метју Колингс, чија намера е да се анализира историјата на уметноста, а со тоа и цивилизацијата, преку разгледување на конкретни дела кои се сметаат за вредни достигнувања од областа на уметноста, а кои воедно направиле фантастичен цивилизациски исчекор предизвикувајќи, преиспитувања и дилеми во мноштво различни области од човековото живеење. Целта на проекциите, кои се своевидни лекции по уметност за почетници, е да се обидеме да ја направиме уметноста разбилива пред се за луѓето кои не се уметници или историчари на уметност. Оттука, ќе се обидеме да одговориме на прашања од типот: Како и зошто античките скулптури на совршени тела се појавиле па исчезнале во христијанството, како оштествените промени како француската буржоаска револуција и индустријализацијата влијаеле на уметноста, како реди-мејд предметот или монохромната слика се врвни современи уметнички дела во 20тиот век.