Солидарен настан: Есра, трансродова затвореничка

Текстот е превземен од FB настанот.


Оваа недела во Социјалниот центар „Дуња“ ќе имаме гости од Англија и Турција кои со нас ќе ја споделат приказната за Есра, трансродова затвореничка од Турција.

Есра е во затвор веќе околу 13 години, каде отслужува доживотна казна. Последните 9 години се наоѓа во изолација без можност за посета и ѝ се одбиваат секакви основни човечки права поради тоа што се идентификува како трансродово лице. Меѓу другото, има преживеано сексуален напад од страна на затворски чувар, по што тој бил казнет една година, а потоа бил ослободен и вратен назад на своето работно место.

Есра се наоѓа во машки затвор, што за трансродово лице претсавува едно ужасно измачување. Таа бара да биде префрлена во женски затвор, за што условот е првин да направи операција на половите органи.

На овој настан подетално ќе се запознаеме со приказната на Есра преку филм, фанзини и воедно настанот претставува фандрејзер со што би помогнале таа да биде префрлена во женскиот затвор.