Дискретниот шарм на продавачите на магла

ЖМРО со тешки чекори се тетерави кон прагот. Самиот праг и не е страшен, него веќе одамна го нема, останато му е само името. Тегобата ја носи помислата за она „отаде“ збришаниот праг. Надвор. Во маглата. По десетгодишно дембелеење на берзите за трговија со магла, брокерската дружина треба да се нурне во неа. Тие да ја вдишат, да се исполнат со неа како препарирани суштества, а таа да ги проголта, да ги растопи во своите мистични сокови. Да ги маглоса.

Сепак, споменот за ЖМРО не смее да го голтне маглата! Да не би не јавнале други продавачи на магла, мораме добро да запомниме и да научиме. Ни требаат архиви за нивниот натурен, гостински „домострој“ и за сиктер-стратегијата. Несомнено, еден од најубавите споменари на дивите брокерски времиња ќе остане албумот „Дискретниот шарм на продавачите на магла“ на Александар Ковачевски. Ќе остане како едно од најпроникливите и најтрпеливите огледала кон маглотрговците, огледало кое темелно (и нежно!) ги разголуваше внатрешните длабочини на брокерчињата заробени во скапи и невкусни костуми. Збирката пропатува многу низ виртуелните и физичките меридијани, стоеше како фреска на Автономната зона, доживеа изложба дури и во Њујорк. Со „амин“ од авторот, денес ја споделуваме повторно, како последен салут кон ЖМРО. За лесен пат кон магливите вилаети.

[Best_Wordpress_Gallery id=”2″ gal_title=”Дискретниот шарм на продавачите на магла”]