Отворање на Артикултура // Funk Shui & Фолтин // 24 мај

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Текстот е преземан од FB настанот.

Ептен ни е ќеф дека конечно можиме да кажиме:

АРТИКУЛТУРА го отвора своето артикултурно катче. 🙂

Датумот на големиот ден е 24 мај, среда, времето на почеток на свирката е 22:00 часот, а во текот на денот ќе има и други активности за кои ќе бидите благовремено известени. 🙂

Вечерта ќе свират Funk Shui, тројца многу згодни дечки од Скопје во 7 години млад полнокрвен бенд шо прај пуздер на сцена, и, за да тргни на убо работата, со краток и сладок настап, ќе нè почестат и ветераните на битолската и македонската сцена, Foltin.

Адресата е Браќа Мингови бр. 7, се наоѓа до Аврата во чаршијата, на самиот почеток, ко ќе премините преку дрвеното мостче, во уличката позади Сабина.

Во евентот ќе стои и мапа до локацијата, crash tested на „неснаодливи во простор-времето“ луѓе, па би требало да се снајдите. 🙂

Местото ќе го градиме заеднички, убав почеток ќе ни значи многу, така да…pls come? O:)