Dave Phillips/dp и Transhunter во Дуња

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Утре (18 мај), во Социјалниот центар Дуња, со почеток во 21:00, Dave phillips/dp (CH, ex Fear of God) ќе одржи концерт во рамките на LIVE Balkan tour 2017.

Она што ја дефинира неговата музика е: звучен активизам и ритуална протестна музика. Mетодите на dave phillips/dp се аудио де/конструкција, композиција, звучни ритуали, психо-акустика и перформанс. Алатките се глас, тело, теренски снимки, електроника, објекти, видео. Тематски dp допира до сензибилизацијата на животната средина, сетилната свест, човечки права и права на животните, со егзистенцијалистички призвук и фокус како овие сродни теми се поврзани. dp се огласува во ерата на човекоживотното.

dp живее во Цирих, а работи соло како dave phillips/dp од 1987. Дел е од schimpfluch-gruppe до 1991, коосновач е на ohne во 2000, го започнува one-man-doom-проектот dead peni до 2004, ги основа fear of god во 1987 и свири во повеќе бендови, проекти и колаборации. dp звучно е активен 30 години, се појавува на повеќе од 200 изданија и свири 500 концерти во 40 земји.

На концертот ќе настапи и локалниот бенд TRANSHUNTER.

Повеќе за Dave Phillips/dp:
www.davephillips.ch
www.soundcloud.com/dave-phillips
www.dave-phillips.bandcamp.com

 

Микро интервју со Dave phillips/dp