Трето собрание на МЕСО

Денес, во Скопје, Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО) го одржа своето Трето собрание. Беше избран нов претседател на МЕСО, синдикалецот Драге Јованоски, како и нов потпретседател на МЕСО, професорот Ибраим Мурати. Во знак на благодарност и признание за досегашниот ангажман во МЕСО, по предлог на делегатите на Собранието, досегашниот Претседател на МЕСО, Сузана Стефановиќ, беше избрана за почесен претседател на МЕСО.

На Собранието беше избран и нов состав на Советот на МЕСО, Надзорниот одбор и Статутарната комисија. Усвоена беше Програмата за работа за периодот 2017-2022 и беа направени измени на Статутот на МЕСО, кои ќе овозможат понатамошен растеж на МЕСО.

После неодамнешните проблеми со кои се соочи Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), потсетени сме дека потребно е внимателно да се следат активностите на сите синдикати (без разлика дали тие се под капа на ССМ или не), за да не се допушти ниту еден од нив да работи против интересите на работникот.