Повик

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Повик до сите луѓе кои не се наполно подложени на силите на темнината, повик до некои од нив, повик до сите оние што го очекуваат ослободувањето. За да учествуваат во неговото подготвување. Духот ќе триумфира само во своите најопасни пројави. Никаква духовна смелост не може да води во смрт.

Редот, тоа е претпазливост, тоа е чување храна додека човекот умира од глад и од глупост пред азната стекнати со скржавост.

Не постои врвен ред, постои само соборување од власт. Секој задоволен човек е обично говедо. Најчест пример за тоа е воин кој се одмора врз своите лавори.

Но каде може да запре желбата за слобода, каде можеме да ја поставиме конечната линија на вечноста? Откако пожарот е запален, ние трчаме накај несогорливото.

Нема мера на големина оној кој сака навистина да биде голем, нема урнек за оној кој го бара она што никогаш не го видел.

Слободата е едно постојано раѓање на духот. Потребно е таа да биде едно со човечката свест. Во спротивен случај, таа е само некаков инструмент на корисна поука.

Рамноправноста постои само во заедничката желба за слобода. Ние ќе ги уништиме господарите сосе нивните слуги. Нашите браќа ќе се ослободат сами. Ние сме сите од ист ранг. Да ги пречкртаме другите.

 

– Пол Елијар