Претседателот е избран, мандатот се чека

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on Google+Share on LinkedInEmail this to someone

Во службениот весник денес и официјално беше објавена одлуката за изборот на Талат Џафери за претседател на собранието на 27-ми април.

Објавата на одлуката создаде нови дилеми околу тоа кога започнува да тече рокот од 10 дена до кој претседателот Ѓорѓе Иванов е должен да го даде мандатот. „Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“ е наведено во втората точка на објавата, под која што стои датумот 2 мај, без некакво објаснување.

„Не постојат повеќе никакви пречки мандатот за нова Влада веднаш да биде доделен. Ѓорѓе Иванов нема повеќе никакви изговори за да ја исполни својата уставна обврска кон граѓаните на Република Македонија“, наведуваат од СДСМ, додека од ВМРО-ДПМНЕ  сè уште се на ставот дека претседателот на Собранието е избран на неуставен, незаконски и неделовнички начин.